Објавен оглас за 15 нови вработувања во ЦМХ Солушнс

Министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак ги посети канцелариите на новo отворениот контакт центар во Скопје CMX Solutions, во сопственост на германската компанија VIOX-Dialog.

За време на посетата министерот Веле Самак оствари средба со Кристоф Ебнер, сопственик и генерален директор на германската компанија VIOX-Dialog и со Борка Илиевска, директорка на CMX Solutions во Македонија.

VIOX-Dialog е BPO (Business Process Outsourcing) компанија во доменот на давање на кориснички услуги со седиште во Франкфурт во југо-источна Европа. Компанијата  неодамна одлучи својата нова експанзија да ја направи токму во Скопје.

Ново отворената македонска компанија CMX Solutions веќе вработи менаџерски кадар и објави огласи за вработување на 15 (петнаесет) контакт центар оператори со познавање на германски јазик на веб порталот www.fakulteti.mk . Согласно бизнис планот до крајот на 2015та година компанијата ќе вработи 100 лица со познавање на германски и англиски јазик за опслужување на тековни и идни клиенти. Догорочниот план на сопственикот е контакт центарот во Македонија да оддржи континуиран раст на операциите.

– Во Македонија ја идентификувавме атрактивната бизнис клима и млад кадар со одлични познавања на странски јазици кои ќе можат да го поддржат растот на нашите глобални операции“, изјави Ебнер.

Според министерот Самак ова е уште една потврда за зголемениот интерес на германските компании за инвестирање во Македонија особено во сервисната индустрија.

– Со отварање на вакви контакт цeнтри се развива овој сектор и се создаваат работни места  за високообразовен кадар со познавање на странски јазици. Сите кои имаат познавање на германски и англиски јазик и сакаат да работат со странските пазари и клиенти имаат можност да се пријават на отворените огласи, вели тој.

Како следен чекор, компанијата CMX Solutions планира соработка со Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ – Скопје за создавање можности за пракса на студенти кои изучуваат странски јазици како дел од нивната редовна студиска програма.