Објавен оглас за 670 вработувања за изградба на новите автопати

Поради изведување на градежни работи на патните правци Миладиновци- Свети Николе- Штип и Кичево – Охрид, градежната компанија „Гранит“ има потреба од над 670 работници.

Огласот за вработување на „Гранит“ денеска е објавен во весниците „Дневник“ и „Вечер“, а компанијата има потреба за вкупно 28 работни позиции како градежен инженер, рударски инженер, раководител на градежна механизација, финансов извршител, минер, работник на каменолом, градежни работници и други.

Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласените работни места ќе се одвива со полно работно време од понеделник до петок, од 07:30 до 15:30 часот.

Огласот трае пет работни дена од објавувањето. Молбите за работа потребно е да се достават во ГД „Гранит“ АД Дирекција Скопје на ул. „Вељко Влаховиќ“ бр. 8 или на и-мејл granitjobs@gmail.com.

При доставување на молбите за работа потребно е кандидатите задолжително да го наведат редниот број на работното место и патниот павец за кое конкурираат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.