Објавен оглас за нов директор на УЈП

Во тек се огласи за избор на нов директор на УЈП и за претседател на Инспекцискиот совет.

Премиерот Никола Груевски при денешната посета на прилепскиот регион посочи дека за двете позиции течат роковите и ги повика сите што имаат квалификации, искуство и знаење и се чувствуваат дека имаат доволен капацитет да се пријават на конкурсите.

На директорот на УЈП му завршува мандатот на 17. август годинава и нормално е согласно Законот да се објави оглас, бидејќи поинаков начин не постои да се назначи нов директор. За разлика од него, претседателот на Инспекцискиот совет Ванчо Каргов замина на нова должност во дипломатијата, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека актуелниот директор на УЈП Горан Трајковски има можност да се пријави на конкурсот.

Најдобрите и најквалитетните кандидати ќе бидат интервјуирани и ќе бидат проверени нивните квалификации по што ќе се одберат најдобрите и најсоодветните кандидати за двете позиции, рече Груевски.

Граѓаните да ги платат заостанатите долгови за радиодифузна такса

Апелираме граѓаните и фирмите кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи  Управата за јавни приходи ќе отпочне постапки за присилна наплата со блокирање на трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци, велат од УЈП.

Инаку, граѓаните пред да ги платат заостанатите долгови за радиодифузна такса, состојбата на долговите може да ја проверат во Решението, кое Управата го доставува до обврзникот секој месец. Дополнително проверка може да се врши и преку интернет, преку бесплатната електронска услуга е-Радиодифузна такса.

Електронско плаќање на радиодифузната такса

iljada-denariИсто така, граѓаните, освен во банка, можат да ги користат новите услуги на УЈП за електронско плаќање на радиодифузната такса со безготовинска картичка Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка издадена од домашна банка.

Од Ујп, посочуваат дека постапката за регистрација за електронско плаќање и проверка на состојбите за радиодифузната такса преку https://etax.ujp.gov.mk е бесплатна за граѓаните и не е потребен дигитален сертификат.

 

 

Кои се најголемите должници кон УЈП погледнете на следниот линк.