Објавен оглас за вработување 30 деца без родители прегу програмата Д-10

Денес се распиша новиот јавен повик за вработување на 30 деца без родители и родителска грижа, односно лица кои што имале ваков статус до 18 години во Министерството за труд и социјална политика преку програмата Д-10. За ова денес информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој беше во посета на Домот за деца без родители „11-ти Октомври“.

spasov-11-oktomvri

Со овој чекор ја продолжуваме оваа програма која што почнавме да ја реализираме пред околу 4 години. За оваа година и за следната имаме обезбедено околу 2 милиони денари за реализација на овие 30 вработувања, со што вкупно по завршувањето на овој оглас ќе бидат вработени 173 лица кои што имале статус деца без родители и родителска грижа до 18 годишна возраст во јавната и државната администрација, првично преку Министерството за труд и социјална политика. Во Министерството ќе поминат квалитетна обука и исто така ќе се стекнат со работно искуство, а потоа дел од нив, околу две третини ќе бидат преземени од останатите институции. Додека пак останатите ќе останат да работат во Министерството за труд и социјална политика, рече тој.

spasov-11-oktomvri-2

Спасов нагласи дека Владата на Република Македонија изминатиот период направи многу за децата без родители и родителска грижа.

spasov-11-oktomvri-3

Реализиравме многу проекти што директно го подобривме нивниот живот. Досега околу 176  социјални станови се дадени на користење на децата без родители и родителска грижа. Годишно во просек околу 200 деца ја користат финансиската поддршка, месечно во износ од 24.000 денари за редовни додипломски и постдипломски студии. Исто така во голема мера им помага и зголемената еднократна помош при полнење на 18 години, која што сега изнесува околу 3.000 евра, како и програмата Д10 за вработување на овие деца преку која што досега се вработија 143 деца без родители и родителска грижа. Во истовреме даваме максимален напор за да го подобриме работењето на институциите, да воспоставиме соработка со сите оние кои што згрижуваат деца без родители и родителска грижа. Тука би ја истакнал и целосната финансиска поддршка на згржувачките семејства во СОС детското село, како и зголемувањето на надоместокот за згрижувачки семејства во износ од 50 проценти, рече тој.

Нагласи дека грижата за децата без родители и родителска грижа мора и во иднина  да продолжи. Како што рече, проектите мора да продолжат да се реализираат и овие деца несмејат да бидат оставени на маргините на нашето општество како во минатото.

ФОТО: МИА