Објавен оглас за вработување во Собрание

Собранието на Република Македонија објави конкурс за избор на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

За потребите на јавниот конкурс Собранието бара еден кандидат за претседател и шест члена на Државната комисија.

Секој оној кој планира да конкурира, пред се, потребно е да биде државјанин на Република Македонија, да има стекнато најмалку 300 кредити по ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет, да поседува еден од меѓународно признатите сертификати за познавање на англиски јазик не постар од 5 години, како и работно искуство на управни работи од најмалку 6 години односно работно искуство од најмалку 4 години на правни работи.

Огласот трае до 8 јануари 2015 година. Сите заинтересирани граѓани во врска со огласот и условите пропишани во него, подетално можат да се информираат на официјалниот сајт на Собранието на Република Македонија.