Објавен огласот за првите вработувања во „Маркард“

Германската компанија „Маркард“ ги објави првите огласи за вработување. Фирмата бара пет лица – менаџери и тоа за финансии, производство, квалитет, човечки ресурси и логистика.

Огласите се достапни на интернет страната Вработување.мк. Таму заинтересираните лесно можат да се информираат за сите услови кои треба да се исполнат.

Ако се има во предвид забрзаната динамика на работа во индустриската зона Караслари, овие огласи се очекувани за велешани. Оваа инвестиција вредна 35 милиони евра е прва поголема странска инвестиција во Велес.

Фабриката би требало започне со производство во јуни наредната година, a како што беше најавено оваа фабрика ќе отвори околу 600 работни места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.