Спорт

Квалификации за ракометното ЕП Објавен поширокиот список репрезентативци за ракометното ЕП 2018

Објавен поширокиот список репрезентативци за ракометното ЕП 2018

Селекторот на македонската ракометна репрезентација,Раул Гонзалез, го објави во вторникот список од 28 ракометари кои ќе конкурираат за настап на Европското првенство што во периодот од 12-ти до 28-ти јануари ќе се игра во Хрватска.

На списокот на Раул се наоѓаат:

голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски;

бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов;

крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски;

пивоти: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски.

Македонија се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб.