Магазин

Објавен првиот том од избраните дела на Иван Чаповски

Објавен првиот том од избраните дела на Иван Чаповски

Излезе од печат првиот том од избраните дела на современиот македонски писател, Иван Чаповски под наслов „Песна за стариот комита“.

Во предговорот кон изданието, поетот и литературен критичар, Раде Силјан, констатира дека „Иван Чаповски е писател со препознатлив глас во современите текови на македонската литература. Неговата поезија е верна слика на долгите човечки патешествија, на крвавите делби и преселби. Таа  е химнична и трогателна, сензибилна и медитативна, длабоко доживеана и разбирлива за широк круг на читател“.

-Поетот гради свест за времето и за судбинските настани што оставиле длабоки траги во неговата душа. Тој е сведок на крвави настани, на болни доживувања, но во исто време е разбиструвач на минатото време, кое постојано го повикува со глас таговен во незаборавните предели на наговиот роден крај во Егејска Македонија. Во стиховите нема патетика, иако во нив често навева звукот на патриотизмот.Целокупниот  опус на Чаповски, претставува една тематска целина, која Пабло Неруда би ја нарекол „Сеопшта песна, пишува Раде Силјан во текстот „Препознатлив поетски глас“.