Објавен составот на жирито на Канскиот филмски фестивал

(Паоло Сорентино/ Photo by Andreas Rentz/Getty Images)

Актерите Вил Смит, Џесика Честејн и Фан Бингинг се избрани за членови на жирито со коешто ќе претседава прославениот шпански режисери оскаровец Педро Алдомовар, и во мај ќе одлучува за наградите на јубилејното 70-то издеание на филсмкиот фестивал во Кан.

Откако на почетокот од месецот беше објавено дека со жирито на фестивалот годинава ќе претседава режисерот, продуцент и сценарист Педро Алдомовар, кој е всушност првиот Шпанец кој го води жирито во Кан, имињата на другите членови на жирито досега се чуваа во строга тајност.

Во деветчленото жири на годинешниот фестивал на францускиот Азурен брег ќе има уште тројца режисери. Марен Аде, кој ја режираше комедијата „Тони и Ердман“, потоа јужнокореецот Парк Чан-вук, автор на филмот „Олдбој“, и нивниот италијански колега Паоло Сорентино познат по филмот „Голема убавина“

Во жирито се уште и францускиоата сценаристка, пејачка и актерка Ањес Жауи и добитникот на Оскар за музија, Габриел Јаред.

Претходно беше објавено дека официјален водител на годинешната смотра е познатата италијанска актерка Моника Белучи.

Фестивалот ќе биде отворен на 17 мај, а прогласувањето на Златната палма е најавено за 28 мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.