Објавен спискот на Италијанците за дуелот со Македонија

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Џампјеро Вентруа го објави списокот со играчи на кои ќе смета за следните натпревари против Македонија и против Албанија во квалификациите за Светското првенство 2018.

Италија по поразот од Шпанија е само со теоретски шанси за директен пласман на Мундијалот, но со уште еден освоен бод ќе си го обезбеди баражот.

Вентура упати повик до:

Голмани: Буфон, Донарунума, Перин;

Одбрана: Астори, Барѕаљи, Бонучи, Киелини, Д’Амброзио, Дармијан, Ругани, Спиназола, Запакоста;

Среден ред: Де Роси, Пароло, Бернардски,Пелегрини, Веррати, Ел Шарави, Инсиње, Верди;

Напад: Кандрева, Белоти, Едер, Габиадини, Имобиле.

Македонија и Италија ќе играат на 6 октомври во Торино.