Објавен списокот на ракометари кои ќе се појават на подготовките за СП во Катар

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван го објави списокот на ракометари кои ќе ги започнат подготовките за Светското првенство во Катар.

Изборот на селекторот е горе-долу очекуван, со тоа што овојпат во ростерот е и Наумче Мојсовски, кој поради повреда не беше во можност да настапи во Данска.

Првата прозивка на македонскиот национален тим ќе се одржи на 21 декември во Хотел „Русија“ во Скопје, со што и официјално ќе биде означен стартот на подготовките за претстојното Светско Првенство.

1. Борко Ристовски (Кретеј)
2. Никола Митревски (Металург)
3. Петре Ангелов (Вардар)
4. Дејан Манасков (Металург)
5. Гоце Ојлески (Металург)
6. Гоце Георгиевски (Металург)
7. Влатко Недановски (Вардар јуниор)
8. Златко Мојсоски (Прилеп)
9. Стојанче Стоилов (Вардар)
10.Никола Маркоски (Металург)
11. Ванчо Димовски (Металург)
12. Наумче Мојсовски (Металург)
13. Филип Лазаров (Вардар)
14. Аце Јоноски (Металург)
15. Велко Маркоски (Металург)
16. Талески Филип (Металург)
17. Филип Миркуловски (Металург)
18. Немања Прибак (Вардар)
19. Кире Лазаров (Барселона)
20. Ренато Вугринец (Металург)
21. Никола Стојчевски (Редебергслидс)