Магазин

Објавена е достапноста на Intel® Edison и втората генерација LTE модемски платформи

Објавена е достапноста на Intel® Edison и втората генерација LTE модемски платформи

Генералниот извршен директор на Интел корпорацијата Брајан Крзанич ја отвори годишната техничка конференција на Интел со широка палета на компјутерски иницијативи и проекти што го покажуваат брзиот напредок на компанијата во оспособувањето на нови пазарни сегменти каде се е „паметно“ и поврзано.Крзанич и други извршни директори објавија нови хардверски и софтверски развивачки алатки, прегледаа идни технологии на Интел и објавија нови продукти долж неколку технолошки сегменти.

„Со нашето разновидно портфолио и развивачки алатки во клучни растечки сегменти, оперативни системи и фактори на форма, Интел им нуди на развивачите на хардвер и софтвер нови начини за растеж и флексибилност во дизајнот. Ако е „паметно“ и поврзано, најдобро е со Интел“, рече Брајан Крзанич, генерален извршен директор на Интел.

За време на обраќањето на Крзанич на сцената му се придружија неколку извршни директори на Интел, Мајкл Дел, претседател и генерален извршен директор на Dell*, и Грег МекКелви, извршен потпретседател и главен директор за стратегија и маркетинг при Fossil Group*.

Форматот и содржината на техничката конференција беа преработени оваа година за да одговорат на проширениот опсег на инжинери и програмери, нагласувајќи ги напорите на Интел за проширување на технологијата.Агендата и содржините прикажани при претставувањето на технологиите се проширија PCs, мобилни и центри за податоци за да ги вклучат „Internet of Things“ (IoT),„wearables“, како и други нови уреди креирани од т.н „развивачи“ и пронаоѓачи. Повеќе од 4,500 посетители од целиот свет се присутни на форумот.

Развивачки алатки

• Интел објави референтен дизајн за Андроид програм за да им понуди на корисниците висок квалитет и конзистентно искуство базирано на најновиот Андроид* оперативен систем. Интел ќе помогне да се зголеми присутноста кај производители на Андроид таблети со обезбедување на софтверска и инжинерска работа и пристап до Google Mobile Services*, како и поддршка за ажурирања и подобрувања на идните изданија на Андроид.
• Интел го претстави „Analytics“за„Wearables“ (A-Wear) развивачки програм што ќе го забрза развивањето и ширењето на „wearable“апликации со интелигенција на база на податоци. Овој развивачки програм вклучува мноштво софтверски компоненти, вклучувајќи алатки и алгоритми од Интел и дата-менаџмент можности од Cloudera* CDHна клауд инфраструктура оптимизирана за Intel®архитектура. Развивачите на овие Интел „wearables“ ќе го A-Wear програмот бесплатно.

Достапност на производите на Интел

• Интел го објави првиот комерцијално достапен Intel® XMM™ 7260 модем, кој се испорачува во Samsung* Galaxy Alpha смартфонот за Европа и други регионални пазари. Intel XMM7260 и Intel® XMM™ 7262 модемите ги поддржуваат најбрзите мобилни стандарди со обезбедување на 6 категорија пренос на податоци со брзина до 300 Mbps. Модемите се втора генерација LTE платформи на Интел и овозможуваат високи перформанси како и решенија за енергетска ефикасност за бранот LTE-напредни мрежи и уреди што доаѓа.
• Intel® Edison, компјутерсоголеминанапоштенскамаркасовграден„wireless“кој беше претставен на CES, сега се испорачува и е достапен. Платформата е дизајнирана да овозможи рапидна иновација и развивање на продукти од страна на развивачите, претприемниците и дизајнерите на продукти за потрошувачи со упростување на процесот на дизајн, зголемена издржливост и додатна заштеда.
• AT&T* ќе биде ексклузивен провајдер за“My Intelligent Communication Accessory”(MICA) бразлетната дизајнирана од Opening Ceremony, направена од Интел и претставеа минатата недела во Њу Јорк.

Продукти и иновации

• Мајкл Дел и Крзанич прегледаа нов Dell таблет со капацитети за фотографирање први од овој вид. Новиот Dell Venue 8 7000 Series соIntel® RealSense™ е најтенкиот таблет во светот и ќе биде достапен за време на празничната сезона. „Intel RealSense snapshot“ е подобрено решение за фотографија што креира висока резолуција и мапа на длабочина што овозможува мерење, ре-фокус и селективни филтри на допир на прстот. Ќе претстави нови способности и нови начини на користење на таблет, отворајќи креативни хоризонти за развивачите да креираат апликации што можат да го променат начинот на фотографирање и односот со фотографиите на потрошувачите.
• Intel® Wireless Gigabit Docking – целосно безжично искуство што вклучува безжичен „докинг“, безжичен дисплеј и безжично полнење – ова беше демонстрирано на референтен дизајн на Интел базиран на 14нм процесор на Интел од следната генерација.
• Развивачите добија поглед на следната генерација на 14нмIntel® Core™ процесори за 2015.
• Познатиот физичар Стивен Хокинг се придружи на конференцијата преку видео за да дискутира за технологија за луѓе со посебни потреби и начинот на кој таа овозможува да се докажат технологиите на иднината.Во однос на видео присуството на Хокинс, Интел премиерно го откри уникатниот „Connected Wheelchair“ проект, доказ за концепт дизајн од Интел како дел Intel Collaborators program.Проектот демонстрираше трансформирање на поврзани машини водени од податоци користејќи го Intel Galileo развивачкиот комплет, базиран на Intel® Quark процесори,и Intel® Gateway решенијазаIoT, вклучувајќи Wind River* и McAfee*продукти за безбедност.

IDF преглед

• Развивачите ќе искусат 164 технички сесии со лидери од индустријата и експерти од Интел.
• Бизнис едииците на Интел и повеќе од 180водечки компании од целиот свет ќе прикажат 700 демонстрации на нивните најнови иноваци и идни технологии на IDF Industry Technology Showcase.
• За време на мега-сесијата за интернетот на нештата(IoT) ова утро, потпретседателот на ИнтелДаг Дејвисќе се осврне а безбедносните предизвици и ќе ги опише Интеловите интегрирани хардверски и софтверски решенија за „edge-to-cloud IoT“. Тој ќе открие дека Интел работи соAT&T*, Cisco*, GE*и IBM* за да се креираат комплетни решенија на нивни платформи кои во основата го имаатИнтел. Компаниитеќегипретставатзаедничкитепродуктиштоседостапниденесвоадицијанаиднитепланови.
• Во мега-сесијата за Intel Edison, „Wearables“и нови уреди, потпретседателот на Мајк Белќе прегледа неколку Intel Edison- прототип единици, вклучувајќи 3-Dпечатена интерактивна површина. Meridian Audio*, произведувач на аудио компоненти со високи перформансим, исто така ќе се обрати за начинот на кој Интел Едисон помага во напредокот за безжични аудио продукти.
• За време на мега-сесијата ова попладне посветена на развивање на софтвер, потпретседателот на Интел Даг Фишерќе претстави алатки што ќе им помогнат на развивачите полесно и побрзо креирање на софтвер на повеќе екосистеми. Тој ќе говори за едноставноста со која производителите и добавувачите со која можеле да се направат Windows-*или Android-базирани уреди користејќи ги овие алатки и референтни дизајни на Интел.
• На мега-сесијата посветена на мобилната технологија што се одржува ова попладне, потпретседателот на Интел Херман Еулќе ги предизвика развивачите со играње улоги во решавањето на најкритичните проблеми во светот и унапредување на општеството во земји во развој преку иновации кај најпроминетната технологија во рацете на луѓето, мобилните уреди. Тој ќе ги нагласи хардверот, софтверот и комуникациските технологии што ќе им дозволат на развивачите да ја остварат оваа можност и да помогнат со тоа што ќе понудат промена, прогрес и иновација.
• За време на мега-сесијата утре наутро посветена на центрите за податоци, Дајен Брајант сениор потпретседател на Интел ќе дискутира за ре-архитектурата на центрите за податоци, водени во голема мера од зголемувањето на економијата кај дигиталните услуги. Оваа сесија ќе вклучи нов поглед на идните силиконски продукти и детали за тоа како Интел ги „крои“ продуктите за индивидуалните клиенти на центри за податоци.
• Во мега-сесијата на тема реинвенцијата и иновацијата во PC, Кирк Скаугенсениор потпретседател на Интел ќе дискутира за тоа како развивачите ќе можат да се одговорат на можноста за 600 милиони уреди компјутери стари 4 години или повеќе што би можеле да се заменат со постоечки, нови фактори на форма и искуства на повеќе оперативни системи. Скауген ќе ги ажурира развивачите на ChromeOS* и Intel® Wireless Display со моменталнните достигнувања, како и „Alliance for Wireless Power“, конзорциум за безжично полнење.