Објавена новата листа на должници кон УЈП

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.12/2017 за долгови доспеани до 31.08.2017 и неплатени до 30.11.2017 година по основ на данок на додаден вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

1.повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

2.повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци поради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, треба да се обрати до:

надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;

Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

На Листата на должници бр.12/2017 објавени се 2.357 должници – правни лица (помалку за 80 од претходната листа) и 1.918 физички лица (помалку за 46 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2017 изнесува 10,966,068,875 денари, помалку за 219,428,398 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,920,882,845 денари (помалку за 170,223,300 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 45,186,030 денари (помалку за 49,205,098 денари од претходната листа).