Објавена панорамска снимка на Марс

Американската агенција за вселенски истражувања NASA на својот портал објави видео снимка на панорамата на Марс, снимени со помош на специјалната мобилна лабораторија Curiosity.

Панорамата е составена од снимки направени од планинскиот срт Вер Рубин во кратерот Гејл Бидејќи снимката е направена непосредно пред зимската краткоденица на Марс, небото на планетата било јасно, што овозможило добивање многу детали на кадрите.

Curiosity е вселенско возило од третата генерација, коешто претставува автономна хемиска лабораторија. Вселенскиот ровер на површината на Марс атерираше на 6-ти август 2012 година до почетокот на 2018 година, Curiosity „измина“ на „црвената планета“ 18 километри.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.