Свет

Објавена снимка од бегството на мексиканскиот нарко бос

Објавена снимка од бегството на мексиканскиот нарко бос
Објавена снимка од бегството на мексиканскиот нарко бос

Мексиканската влада објави снимка од безбедносните камери во која се прикажува како „кралот на дрогата“  Хоакин Гузман, познат како Ел чапо, во саботата вечер избега од својата келија во строго обезбедениот затвор Алтиплано, по вторпат во 14 години.

На снимката се гледа како Гузман се движи горе доле, гледа низ ѕидот кој го дели тушот од собата, потоа седнува на кревет и клечејќи оди позади ѕидот и се губи од видното поле.

„Ги смени чевлите и отиде под туш. Не може да се види што работи“.

ВИДЕО: Еве како побегнал од затвор Ел Чапо

 

Награда за информација

Ѕидот го блокира погледот на половина метри широка дупка која води во тунел. Се претпоставува дека бегството на мексиканскиот наркобос, еден од најмоќните на светот, било возможно само со соучество на некој од власта, истакнал министерот за внатрешни работи на Мексико.

Мексиканската влада одличила да ја зголеми наградата за информација која би помогнала да се уапси кралот на дрогата, на 3,8 милиони американски долари, додека САД понудила 5 милиони долари.

Во 2006 година се убиени повеќе од 80.000 луѓе во насилства поврзани со трговија со дрога во Мексико.