Објавена збирка собрани трудови: „Комуникологија“ од професорот Томе Груевски

Собрани на едно место, шеснаесет наслови од творештвото на д-р Томе Груевски, кој својот работен век го исполни како професор по комуникологија и односи со јавноста на студиите по новинарство медиуми и комуникации на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Насловот на овој Преглед на собрани трудови од Томе Груевски е „Комуникологија“.

Станува збор за текстови што се објавени во периодот од 1991 – 2013 година како научни трудови или како универзитетски учебници од областа на комуникологијата, односите со јавноста и новинарството.

tome-gruevski-1Сите наслови се подготвени и прилагодени во дигитална форма и со незначителни корекции во поглед на печатените изданија.

Издавач на трудовите е Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ од Скопје.

Професорот Томе Груевски е доктор по информативно-комуниколошки науки.

Автор е на книгите: Јавното информирање во Македонија (1991); Преглед на македонскиот печат (1885-1992), коавторство, (1993); Современиот печат во Македонија (1995);  Печатарството и издаваштвото во Битола, том 1, 2 и 3, коавторство  (1998); Историја на новинарството, книга 1, (1999); Историја на македонското новинарство, книга 2, (1999); Теорија на новинарството (2000); Комуникации и култура (2004); Историја на новинарството (2005); Култура на говорната комуникација (2006); Односи со јавноста (2007); Комуниколошки теории – предавања (2009); Комуникологија, книга 1 и 2, (2011); Односи со јавноста- теории и модели (2011); Култура на говорот (2011); Историја на новинарството (2011); Комуникологија на масовни медиуми – коавторство (2012); Комуникологија на жанрот (2013).komunikologija-tome-gruevski

Исто така има објавено повеќе од сто научни статии-трудови во научни списанија, од учество на домашни и меѓународни научни симпозиуми, конференции и научни собири од областа на комуникологијата.

Томе Груевски е автор и на публицистичките трудови: „МРА Плачковица“ (1975-1978); монографија (1978); Развојот на младинското движење во Македонија (Конгресите на младината на Македонија (1943- 1983), коавторство, (1983); „Студентски збор“- монографија (1949-1984); коавторство, (1984); „Битола“ – монографија, коавторство (2004).

Добитник е на наградите:

„Мито Хаџивасилев-Јасмин“, од областа  на публицистиката (1983); „Новинарско перо“ (1986), Награда на Здружението на новинарите на Македонија; Награда на издавачите на Македонија (1999); Награда „4 Ноември на град Битола“ (1999); Награда на в.„Битолски  весник“ -„Најуспешни битолчани“ (2006).

Член е на Македонското научно друштво во Битола од 1997  година.