Објавена видео снимка од убиството на Немцов

Руската телевизија ТВЦ објави видео од убиството на лидерот на опозицијата Борис Немцов.

Видеото е од безбедносна камера која 24 часа го следи сообраќајот и временските прилики во Москва.

На видео снимката се гледа како Немцов, заедно со украинската манекенка Ана Дурацкаја се шета на мостот. Во 23:31 часот возило за чистење на снег поминало покрај нив, а неколку секунди подоцна, човек, најверојатно убиецот, истрчал од тоа возило и влегол во автомобил кој го чекал на улицата.

Руските медиуми наведуваат дека, иако претходно беше јавено дека напаѓачите избегале со бела „лада“, сепак на видео снимката се гледа дека автомобилот има сива боја.

Оценката на медиумите е дека се работи за испланирано убиство.