Објaвени деталите како Праљак го сокрил отровот од стражарите

Истрагата за целосно утврдување на околностите за самоубиството на хрватскиот генерал Слободан Праљак и натаму трае, а Хашкиот трибунал ќе отвори и нова, независна и своја истрага, изјави гласноговорник од судот, Ненад Голчевски, демантирајќи ги медиумските информации дека Праљак починал веднаш во судницата.

„Генералот Праљак имал здравствени проблеми, за кои сигурно придонел и стресот на кој бил изложен изминативе денови. Затоа со себе, во ќелијата, веќе долго време имал неколку шишенца со лекови меѓу кои можел да го скрие и отровот. Како и да е, како и од кој го добил треба да се утврди, но засега е јасно дека стражарите не ја проверувале содржината во шишенцата, бидејќи се ближел крајот на Трибуналот, па контролит биле полежерни“, изјавил пријател на Праљак за Vecernji list.

Инаку, како што во саботат објави овој порталот на хрватскиот дневен весник, телото на генералот по завршување на обдукцијата, ќе биде пренесено во Загреб каде што, според желбата на покојниот, ќе се одржи приватна и затворена церемонија, на која ќе ѝ претходи кремирање.

Потоа, како што е наведено во прошталното писмо од генералот, пепелта ќе се истури во Мирогој.