Објавени добитниците за наградата „23 Октомври“

Професор д-р Анастасика Попоска, специјалист-ортопед, е добитник на државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на науката и образованието, а во областа на културата и уметноста добитници се писателот Милош Линдро, ликовниот уметник Доне Милјановски, народниот уметник и фолклорист Димитар Узунски и Македонска филхармонија.

Одлуката ја донесе одборот за доделување на државната награда „23 Октомври” со кој претседава академик Владо Матевски.

Министерството за култура соопшти дека наградата на добитниците ќе им биде врачена на 23 октомври во 12 часот во Собранието на Република Македонија.