Објавени фотографии од безивотното тело на Че Гевара

Иманол Артеага рекол дека фотографиите кои го прикажуваат безживотното тело на Ернесто Че Гевара, завршиле во Шпанија со неговото семејство.

„Мојот чичко ги донел кога дошол на венчавката на моите родители, која се одржала кон крајот на ноември во 1967-та година”, изјавил Артеага за AFP.

Гевара бил убиен на 9-ти октомври, 1967-та година, а ден претходно бил заробен од Боливиската војска. Артеага додал дека неговата мајка и неговата тетка тврделе дека ги добиле фотографиите од француски новинар.

che4-520x777

-По смртта на мојот чичко се сетив на фотографиите од Че. Тетка ми воопшто не се двоумеше и ми ги предаде, вели Артеага.

Фотографиите биле направени од репортер на  AFP по име Марк Хутен, кој во тоа време бил во Боливија, пишува агенцијата. На фотографиите се гледа како Боливиската војска го претставува безживотното тело на Че Гевара.