Магазин

Објавени имињата на првите 16 филмови во трката за Златната палма во Кан

Објавени имињата на првите 16 филмови во трката за Златната палма во Кан

Тјери Фремо ја соопшти селекцијата на 16 филмови кои ќе се натпреваруваат за Златната палма на 68-от Меѓународниот филмски фестивал во Кан од 13 до 24 мај годинава.

Оваа година жирито под двојното претседателство на браќата Коен, од кои секој ќе има по еден глас ќе избира меѓу 16 филмови, од кои четири се француски.

За престижната филмска награда не е селектиран ниту еден филм од поранешната Југословенска република.

За наградата Златна палма оваа година ќе се натпреваруваат: Жак Одијард со филмот Dheepan, Стефан Бризе со La Loi du marche, Валери Донзели со Marguerite et Julien, Матео Гарон со le conte des Contes, Тод Хејнс со Carol, Хироказу Кое-Еда со Notre petite sœur, Јоргос Лантимос со The Lobsterм Мајвен со Mon roi, Нано Морети со Mia Madre, Паоло Соррентино со La Giovinezza, Јоаким Триер со Louder Than Bombs, Гус Ван Сант со The Sea of Trees, Дени Вилнев со Sicario, Ласло Немес со Saul Fia, Ху Хсиао-хсине The Assassin и Јиа Занке со Mountains May Depart.

Во текот на следната недела ќе бидат познати и останатите два до четири филма кои ќе обеабедат место во официјалната селекција.