Објавени наградените на конкурсот за 14. Интернационален стрип салон „Велес 2016“

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес ги објави имињата на наградените стрип автори по одржаниот интернационален стрип конкурс – дел од активностите од 14. Интернационален стрип салон „Велес 2016“, кој ќе се одржува од 14-ти до 16 октомври во Велес и на 17 октомври во Скопје.

Специјална награда од организаторот и е доделена на Даница Јевдовиќ од Србија за стрипот „Тунел“, за најдобро сценарио е награден Марко Стојановиќ од Србија за стрипот „Селма/Вековници“, за најдобар автор до 18 години – Ивана Пенчова од Македонија, за најмлад учесник – Танасије Игњатовиќ од Србија, за највозрасен учесник – Миле Топуз од  Македонија, за најдобар дебитантски стрип – Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски од Македонија за стрипот „Марифет за азно“.  Специјална награда за уметнички израз му се доделува на Горан Угарчина од Србија за стрипот „Урбани стории“.

На свеченото отварање на 14. Интернационален стрип салон „Велес 2016“ ќе бидат доделени и плакети за соработка и масовно учество на стрип школите од  Лесквац, Никшиќ и Белград

Организаторот соопшти дека е рекорден бројот на пријавени стрипови (254 од сите континенти). На минатото  издание биле пристигнати 228.

Специјални гости годинава ќе бидат победникот на конкурсот Срѓан Николиќ-Пека и Горан Трајковиќ од Рашката школа на стрип, со која Македонскиот стрип центар воспостави постојана соработка.