Објавени првите фотографи на терористите од Барселона и Камбрилс

Првите фотографии од терористите кои со возилата со кои ги извршија два напада во каталонските градови Барселона и Кабрилс во четвртокот во кои беа убиени 14 и ранети уште 126 луѓе, ги обајви во неделата вечерта агенцијата Colipsa.

Снимката била направена на 10 август, односно една седмица пред нападите, со камерите за надзор на влезот од туристичкиот град Камбрилс, каде што беше изведен вториот терористички напад неколку часа по оној во Барселона.

На една од фотографиите се гледа маж во кабина на миниван „Fiat“ со ознаката 7086 JWD, со помош на со кој бил извршен нападот врз луѓето на пешачката улица Ла Рамбла во центарот на Барселона. Возилото било изнајмено од компанијата „Telefuego“ на пасошот на Дрис Оукабир. Тој неколку часа по нападот се пријави во полицијата и изјави дека пасошот му бил украден од неговиот помлад 17-годишен брат Муса, кој бил ликвидиран од полицијата.

На втората фотографија е снимен млад маж до автомобил „ауди А3“, кој бил користен во нападот во Камбрилс. Овој автомобил бил сопственост на Мохамед Аала, братот на убиениот Саид Аала, пренесува агенцијата.

Двете фотографии биле направени за време на плаќање на патарина во близина на Камбралис. Засега нема официјална потврда на идентитетот на лицата на фотографиите.

Претходно шефот на каталонската служба за спроведување на редот и законот Mossos d’Esquadra, Жозеп Луис Траперо изјави дека истрагата испитува три изнајмени фургони, автомобил „ауди А3“ и мотоцикл.

„Имаме три возила кои биле изнајмени, како и ‘ауди А3“ и мотоцикл“, изјави на прес-конференцијата во неделата Траперо. Сите возила се наоѓаат во посед на полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.