Објавени разголени фотографии од осмооделенка

Експлицитни фотографии од осмоодделенка од Задар се појавиле на Интернет.

Истите ги направило нејзиното момче со мобилен телефон, а тие се рашириле и меѓу соучениците во основното училиште.

Случајот го пријавиле девојчето и нејзината мајка, по што е поведена истрага. Родителите на децата на кои им биле покажани фотографиите биле шокирани затоа што не можеле да поверуваат дека вакво нешто може да се случи во основно училиште.

На социјалните мрежи се коментирало дека во Задар има уште личности што се фотографирале голи. Полицијата не сака да коментира за случајот бидејќи се работи за малолетничка.

Родители за хрватски „Јутарњи лист“ коментираат дека со новите технологии тешко им е да ги контролираат децата во пубертет. Во желбата за докажување, малолетниците често праќаат фотографии, па дури и се снимаат со веб-камери во живо со непознати лица, со што се изложуваат на голема опасност, пишува „Слободна Далмација“.

– Сето ова се случува затоа што нè зафати епидемија на злоупотреба на интернет која зеде замав на почетокот на векот. Сексуалните злоупотреби на интернет се во пораст – коментира д-р Златко Милиш од Осиек, пренесува „Јутарњи лист“.