Објавени резултатите од екстерното тестирање

Објавени резултатите од екстерното по два предмета кои ги полагаа основците и средношколците.

Резултатите се објавени во нивните училишта. Второто екстерно тестирање во Македонија беше спроведено од 2-ри до 10 јуни и опфати 189.037 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта.

Резултатите од тестирањето на осмооделенците беа објавени минатата недела поради нивната обврска за запишување во средно образование. Матурантите, пак, поради обврски со државната матура, екстерно беа тестирани на почетокот на второто полугодие од учебната 2013/2014 година.