недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 28

Објавени нови снимки за функционери на ДУИ, во СЈО и МВР молк

Пуштањето на новите незаконски снимки се надоврзува на објавувањето на разговорите што во февруари годинава, исто така, почнаа да се шират на социјалните мрежи.

skandaloze-fb-640x455

Последни вести

Нови десетици снимки на незаконски снимани разговори на функционери на ДУИ се објавени на социјалните мре жи од страна на непознати лица. Снимките на разговорите на лицата, за кои информативните портали на албански јазик вчера тврдеа дека им припаѓаат на високи функционери од ДУИ се појавија деновиве. Но, овие медиуми не посочија за кои функционери конкретно станува збор пишува Дневник.

Снимките се првично објавени на Фејсбук-страницата насловена Skanaloze и го носат датумот 20 ноември 2016 го дина. На неа можат да се слушнат повеќе разговори што се водени и на албански и на македонски јазик. На страницата може да се види како постојано се зголемува бројот на лицата што ги слушнале разговорите. Објавувањето се совпаѓа со почетокот на предизборната кампања за парламентарните избори на 11 декември годинава.

Познато е, кон крајот на септември на оваа иста социјална мрежа, на страницата насловена како Pronto.mk беа објавени, исто така, снимки на функционери на ДУИ – на лидерот Али Ахмети и на Муса Џафери. Засега, сè уште не е познато кој е изворот на објавувањето на незаконските снимки, пишува весникот.

Пуштањето на новите незаконски снимки се надоврзува на објавувањето на разговорите што во февруари годинава, исто така, почнаа да се шират на социјалните мрежи. Тогаш, како што е познато, почнаа да се појавуваат повеќе снимки на нелегално прислушуваните разговори на десетина јавни личности, зад кои во еден дел стоеше лицето потпишано како „Никола Тесла“.

Првиот приватен разговор, кој бил објавен прво на каналот „Јутјуб“ уште на 23 февруари, е на уредникот на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас и сопственикот на медиумот Горан Иванов. Потоа на 26 февруари бил објавен разговорот меѓу Драган Павловиќ и Ивона Талевска, главен и одговорен уредник во дневниот весник „Вечер“.

Потоа следуваа приватните разговори меѓу функционерот на ДУИ, Муса Џафери, и пратеничката Ермира Мехмети, како и меѓу првиот човек на скопска Kомерцијална банка Хари Kостов и Бранко Бојчевски, основач на агенцијата за обезбедување „Оса“.

Најчитани вести