Свет

Мотивите за масакрот во Невада уште се мистерија Објавено видео од хотелската соба на стрелецот во Лас Вегас

Објавено видео од хотелската соба на стрелецот во Лас Вегас
© John Locher/AP

Снимка од собата во хотелот „Mandalay Bay“ во Лас Вегас од којашто 64-годишниот Стивен Педол во неделата отвори оган врз посетителите на музичкиот фестивал „Route 91 Harvest“ е објавена во вторникот на Twitter профилот на телевизиската мрежа ABC News.

На снимката може да се забележи дека во хотелската соба на Педок има оружје со оптички нишан, од коешто пукал осомничениот убиец, мала маса прекриена со бел чаршав.

Во масакрот загинаа 59 лица, а уште 527 се ранети. Самиот Педок извршил самоубиство пред полицијата да провали во неговата хотелска соба на 32-от кат. Во домот на убиецот се најдени 19 парчиња огнострелно оружје, експлозивни супстанции и илјадници парчиња разна муниција. Уште 23 парчиња разно огнено оружје се пронајдени во хотелската соба од којашто отворил оган.

Напаѓачот пукал повеќе од еден час

Надлежните американски органи повикуваат да не се избрзува со заклучоците и да не се разгледуваат терористичките мотиви за нападот во Лас Вегас, кој е најсмртоносниот со огнено оружје во современата историја на американска територија.

Портпаролот на Федералното биро за истраги (FBI) во Лас Вегас, Аарон Рауз на прес-конференцијата во понеделникот изјави дека не постојат информации и докази дека Стивен Педок бил поврзан со меѓународните терористички организации, и покрај тоа што џихадистичката Исламска држава ја презема одговорноста за масакрот тврдејќи дека Американецот пред неколку месеци се преобратил во исламот.

Според Џозеф Ломбардо,шерифот на Лас Вегас, прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека станува збор за изолиран напаѓач, чиишто мотиви не можат едноставно да се објаснат. „Во моментов не можам да сфатам што има во умот на психопат“, изјави Ломбардо.

Сликата за масакрот се дополнува со нови детали, иако многу прашања засега остануваат недоговорени. Според сознанијата на полицијата, напаѓачот уредно се пријавил во хотелот, покажувајќи ги своите документи за идентификација на 18-и септември, и од тогаш собарките не влегле во неговата соба. Педок без ничија помош внел го внел целиот арсенал, муницијата и чекан со кој го разбил горниот прозорец од неговата соба. Прозорците кои гледаат на улицата Стрип, главната градска улица, не можат да се отворат од внатрешната страна.

Припадниците на специјалните сили, лоцирајќи го стрелецот користеле експлозив за да се пробијат вратата од хотелската соба. Педок извршил самоубиство непосредно пред појавувањето на полицајците.

Се очекуваат подетални информации од полициските претреси на хотелската соба, неговиот автомобил и домот во Мескито, во сојузната држава Невада, на околу 150 километри од Лас Вегас, како и во уште еден објект во северниот дел од државата. Особено е интересен амониумот откриен во возилото, кој е погоден за подготовка на експлозивни направи.

Медиумите проценуваат дека од моментот на првата тревога во полицијата до нападот на специјалците изминале 1 час и 12 минути. Според тонските записи од настанот, убиецот пукал со долги рафали во интервали доволни да се замени испразнета рамка со муниција. Растојанието изнесувало до 400 метри, според податоците на CNN, а стрелецот во собата имал избрано две позиции за пукање, што укажува на темелна подготовка, ладнокрвноста, концентрација и умешност за ракување со оружје.

Човек кој ги почитува законите

Заклучоците на медиумите не се совпаѓаат со изјавите на братот на осомничениот Ерик Педок кој за телевизиската мрежа CBS News изјави дека Стивен поседувал не автоматско оружје и бил познат како љубител на хазардните игри, кои се дозволени во Невада.

„Од каде му е автоматското оружје? Тој немаше воено минато или слично на тоа. Кога би знаеле повеќе за него, ќе сфатите дека тој живееше во домот во Мескито и патуваше за да игра во Лас Вегас“, изјави Ерик кој живее во сојузната држава Флорида и своевремено му помогнал на баратот да се пресели во Невада којашто има поблагопријатна клима за постарите луѓе.

Според CBS и другите медиуми, Стивен Педок се развел од својата сопруга со којашто живеел во Лос Анџелес, пред 27 години по шест години брак во кој немале деца. Шеесет и двегодишната Мерилу Данли, којашто полицијата првично ја осомничи како сопруга на убиецот и можен помагач, всушност не била во брак со него. Тие живееле во посебен дом во Мескито кој го купил Педок во 2015 година. Полицијата од гратчето, во коешто главно живеат пензионери, не поседува никакви копромитирачки информации за стрелецот, а соседите позитивно говорат за него.

Првично властите соопштија дека откако разговарале со пријателката на убиецот, престанале да ја сомнича за учество во нападот. Според последните информации, Данли се наоѓа во Токио. Како што истакна шерифот Ломбардо, истрагата којашто има уште прашања за оваа жена, ќе го очекува нејзиното скорешно враќање во САД.

Се појави и информацијата според каде Педок го купувал оружјето. Сопственикот на лиценцираната продавница за оружје „Guns & Guitars“, Кристофер Саливен изјавил дека во текот на една година му продал на Педок пиштол и две пушки. Притоа ги извршил сите соодветни проверки. Сопственикот го сметал клиентот за „обичен и по ништо невообичаен човек“.