Објавувањето на проценката на ЕУ и САД за изборите одложена за утре

Проценката на ЕУ и САД дали се создадени услови за предвремени парламентарни избори на 24 април наместо денеска ќе биде објавена утре, пренесува МИА.

Од Амбасадата на САД и Делегацијата на ЕУ потврдија дека одложувањето е на барање на лидерите на политичките партии.

Првично амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли најавија дека проценката за изборите ќе биде објавена на 19 или 20 февруари.