Македонија

Облачно и магловито време

Облачно и магловито време

Времето ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од јужен правец. Претпладне долж Повардарието и по одделни котлини во источните делови со појава на магла и ниска облачност. Максималната температурата ќе биде во интервалот од 23 до 27 степени.

Во следните денови ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Ќе има услови за локален краткотраен дожд, особено в сабота. В четврток ќе има засилување на ветерот од јужен правец, а од петок поради продор на постуден воздух од север ќе дува засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за пет до седум степени.