Облачно и ветровито време, снежно само на планините

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во западните и југозападните делови ќе има слаби локални врнежи од снег на планините и на повисоките места, само на некои пониски места ќе бидат врнежите од дожд. Изутрина по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и претежно тивко. Изутрина ќе има појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до околу нула, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во наредните денови не се очекува значителна промена на временската состојба кај нас. Ќе преовладува променливо време со сончеви периоди и со повремени локални слаби врнежи од снег на планините, а на некои пониски места во западните делови од дожд кои ќе бидат со послаб интензитет. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.