Облачно и врнежливо време до крајот на работната недела

До крајот на оваа работна недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре претпладне ќе има подолги сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат нови поинтензивни врнежи од дожд.

Во текот на утрешниот ден најстудено ќе биде во Маврово со само три степени, додека најтопло ќе биде во Гевгелија со 16 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 13-от степен.

Од среда, како што најавуваат метеоролозите, врнежите ќе бидат локални и со послаб интензитет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.