Облачно и врнежливо време со значителен пад на температурите

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо. Ќе има позначителен пад на дневната температура. Ќе врне, а ќе има и ретки грмежи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни кои локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, слично време. Во текот на денот ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 24 степен