Облачно со дожд и температура до 31 степен

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со поројни врнежи од дожд и грмежи, на места во форма на невреме со појава на град и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Температурата ќе се движи од 17 до 31 Целзијусов степен.

Во Скопје слично време, со температура до 26 Целзијусови степени.

Во наредните денови продолжува периодот на нестабилно време со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Во петок и сабота врнежите ќе бидат локализирани, во западните делови од земјава, а целосна стабилизација на времето со пораст на температурата се очекува од недела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.