Облачно со малку сонце и температура до 19 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со малку сонце. Кон крајот на денот се очекува слаб локален дожд, особено во североисточниот дел на земјата.

Температурите ќе се движат од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна до 16-от степен.