Облачно со малку сонце и температура до 23-от степен

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди.

Утринските температури се движат од три до 11, додека дневните ќе бидат од 14 до 23 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 20-от степен.