Облачно со малку сончеви периоди и температура до 15 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со мали сончеви периоди. Во утринските часови можни се помали локални врнежи од дожд.

Утринските температури ќе се движат од минус два до пет степени, а дневните температури ќе се движат од шест до 15 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 12-от степен.