Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои претпладне ќе бидат пообилни и локално се очекува да наврнат над 40 л/м2 дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува зголемување на снежната покривка.

Ќе дува засилен повремено силен југозападен ветер кој на места ќе достигнува брзина над 80 км/час.

Температурата ќе се движи од два до 15 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен југозападен ветер.

Температурата до 12 степени.