Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето  во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд особено претпладне. Попладне врнежите постепено ќе се намалуваат. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно и релативно топло време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.