Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои во јужните делови ќе бидат проследени со грмежи.

Пообилни врнежи се очекуваат во ноќните часови во четврток спрема петок, кога се очекува за 12 часа локално да наврнат над 20 литри на метар квадратен воден талог.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 27 степени. Во Скопје слично време, со температура до 25 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.