Облачно со сончеви периоди и температура до 12 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во утринските часови можна е појава на магла.

Утринските температури ќе се движат од нула до шест степени, а дневните ќе се движат од пет до 12 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до седмиот степен.