Облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните и јужните делови со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура се движeше од 5 до 14 Целзиусови степени, а дневната ќе биде од 19 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура се спушти до 13 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Утре и почетокот на наредната недела ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат в понеделник.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.