Облачно со температура со 33 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, а на повеќе места нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен северозападен ветер кој попладне повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 Целзијусови степени, а дневната од 25 до 33 Целзијусови степени.

Во Скопје променливо облачно со локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер кој повремено ќе се засилува. Температурата ќе достигне до 28 Целзијусови степени.