Облачно со услови за дожд во попладневните часови

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на магла по оддлени котлини. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во ноќните часови ќе се прошират и во останатите подрачја.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од шест до 11 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаба магла. Во вечерните часови ќе има услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

И во наредните денови времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено во четврток во вечерните и ноќните часови. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува од понеделник.