Облачно со услови за дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

И утре ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Во четврток и петок ќе настапи стабилизирање на времето, а за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.