Облачно со врнежи од снег

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи претежно од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во западните делови на планините над илјада метри надморска височина ќе има натамошно зголемување на снежната покривка. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и источните делови, а повремено засилен ветер ќе дува и во Пелагонија.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од нула до шест степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи, претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до три степени.

Во среда ќе има локални врнежи од снег само во претпладневните часови, а во текот на денот се очекува облачноста постепено да се намалува и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од три до 10 степени.

Од четврток следува период на стабилно време со повеќе сонце. Утринските температури и натаму ќе бидат ниски, а дневните ќе бележат значителен пораст.

За време на Велигденскиот празник времето ќе биде сончево и релативно топло со дневни температури од 15 до 22 степени.