Облачно време со дожд и температура до 15-от степен

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со локален дожд. На планините се очекуваат врнежи од снег.

Утринските температури се од нула до осум степени, додека дневните ќе бидат од шест до 15 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 13-от степен.