Облачно време со локален дожд и температура до 14 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд.

На повисоките места се очекуваат врнежи од снег. Утринските температури ќе се движат од еден до десет степени, а дневните температури ќе бидат од седум до 14 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 11 степени.