Облачно време со мали сончеви периоди и температура до 10 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Во утринските часови врнежите ќе престануваат и ќе има разведрување.

Утринските температури ќе се движат минус четири до два степени, а дневните температури ќе бидат од четири до 10 степени.

Во вечерните часови ќе има појава на магла поради што ќе биде намалена видливоста.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до седмиот степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.