Облачно време со малку сонце и дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд.

Утринските температури ќе се движат од два до девет степени, а дневните ќе се движат од осум до 15 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 10 степени.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.