Облачно време со повремен локален дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд и магла. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до осум степени.